Брзо по победите во Втората Пунска војна, Римската република продолжила со ширење на своите територии во околните региони. Таа ја анектирала Грција и го освоила северниот брег на Африка по победата и потполното разорување на Картагина во Третата Пунска војна.[2] Влијанието на Рим се почувствувало и на Блискиот Исток каде ослабнатите Хеленистичките држави, како на пример Селевкидската империја, биле принудени да склучуваат мировни договори под римски услови за да избегнат конфронтација со новите господари од западното Средоземје. Крајот на овој век бил обележан со реформите во римската војска, која од армија регрутирана од римскиот народ станала армија на професионални, доброволни воени единици. Реформите биле под водство на истакнатиот генерал и државник Гај Мариј (Мариевски реформи).[2]
Во Источна Азија, Кина го достигнала врвот со владеењето на династијата Хан.[3] Ханската империја ги проширила своите граници од Кореја на исток до Виетнам на југ, а на запад сè до границите на денешниот Казахстан. Исто така, во овој век Кина го испратила својот истражувач Џан Циен да ги истражи териториите на запад од Кина и да склопи сојуз со централноазискиот народ Јуеџи за борба против номадите од Хунну.[4]
161 п.н.е.: Деметриј I Сотер го зазел престолот на Селевкидите, почнувајќи војна за престолонаследство, која ќе го уназади царството за речиси цел век.
130 п.н.е.: Грчкиот астроном и математичар Хипарх, изумителот на тригонометријата, ја пресметал прецесијата на месечината и сонцето и го создал првиот разбирлив ѕвезден каталог.
Грчкиот историчар Полибиј опишал систем за испраќање на сигнали за брза комуникација на големи растојанија.
Најрано откриен модел на земјоделска справа за веење е насликана во гробница од времето на Хан династијата.
Наводи
↑Meister, Chad (2009). Introducing Philosophy of Religion. Abingdon: Routledge. стр. 10. ISBN0-203-88002-1.
↑ 2,02,1Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180–202.
↑Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.
↑Loewe, Michael (2000). "Zhang Qian 張騫". A Biographical Dictionary of the Qin, Former Han, and Xin Periods (220 BC – AD 24). Leiden: Brill. ISBN90-04-10364-3.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!