1821
|
Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
|
1871
|
Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
|
1878
|
Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.
|
1918
|
Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша указ за формирање на Црвената армија.
|
1919
|
Воведување на грегоријанскиот календар во Македонија, согласно реформата во целото Кралство СХС. Црковниот останал јулијански.
|
1945
|
Во Скопје е отворена првата државна градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
|
1986
|
Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
|