996
|
Шеснаесетгодишниот Отон III е прогласен за Свет римски цар.
|
1871
|
Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
|
1881
|
Основан е Американскиот Црвен крст од страна на Клара Бартон.
|
1904
|
Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
|
1927
|
Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
|
1932
|
Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
|
1945
|
Венчавка на американските глумци Хемфри Богарт и Лорен Бекол.
|
1956
|
Американците ја пуштиле нивната прва водородна бомба во Тихиот Океан.
|
1992
|
Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
|
2003
|
Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица.
|
2006
|
На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од сојузната држава Србија и Црна Гора.
|