Ова е преглед на настаните од 1900 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.
Настани
Ролос, Годо & Ко. го изумиле мирографот, аматерски формат од 21 mm.
Премиера на Лимиерскиот широк формат од Браќата Лимиер на Светскиот саем од 1900 година. Тој бил 75 mm широк и го одржал рекордот за повеќе од 100 години како најширокиот формат кој постоел.
Раул Гримон-Сансон исто така на Светскиот Саем од 1900 го дебитира неговиот мултипроектор Кругорама, кој користел десет проектори од 70 mm за да создаде симулирано летање во балон над Париз. Изложбата била затворена дури пред формално да се отвори поради легитимната загриженост за безбедноста и здравјето поради комбинирана топлината која проекторите ја емитувале.
Гомон-Демени го објавуваат нивниот аматерски формат од 15 mm, Пакет Хроно.
Објавување на првата филмска верзија на Хамлет, адаптација со француската глумица Сара Бернар како Хамлет и придружен сниман звук.
Изработка на првиот филм за Шерлок Холмс, Збунетиот Шерлок Холмс, од страна на Американската мутоскопска и биографска компанија.
Јованка Орлеанка станува првиот филм со значителна должина (10 минути) кој бил прикажан целосно во боја.
Значајни филмови објавени во 1900
Животот во армијата, документарен филм во режија на Роберт В. Пол за обуката на британските војници. Поголемиот дел денес е загубен. Тој беше еден од најстарите прото-играни филмови (20 кратки филмови во комбинација можеа да се сметаат за долгометражен игран филм. Првично тие биле подолги од еден час, а повеќе од два часа во комбинација со предавања и слајдови).