27 п.н.е.
|
Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула.
|
1492
|
Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I.
|
1547
|
Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
|
1605
|
Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес.
|
1778
|
Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
|
1920
|
Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
|
1945
|
Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
|
1979
|
Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини.
|
1996
|
Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
|
2020
|
Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија.
|