1582
|
Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена.
|
1878
|
Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа.
|
1894
|
Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“.
|
1928
|
Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД.
|
1945
|
Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство.
|
1946
|
Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна.
|
1971
|
Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија.
|
1984
|
Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
|
1992
|
Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
|
1995
|
По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
|
2016
|
Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија.
|