1325
|
Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата на Ацтеките.
|
1781
|
Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот Систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
|
1848
|
Еден ден по масовните демонстрации во Виена, паднала владата на канцеларот Клеменс Метерних, кој побегнал во Велика Британија, а царот Фердинанд I ветил донесување нов устав.
|
1881
|
Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убиле рускиот цар Александар Втори од династијата Романови.
|
1969
|
Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
|
1992
|
Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
|
2005
|
Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба.
|
2013
|
Избран папата Франциск, прв јужноамерикански и исусовски папа.
|
2015
|
Прокопис Павлопулос станува претседател на Грција.
|