Полноќ (почеток на денот) 12 часот на полноќ 12:00 a.m.
00:00
12:01 a.m.
00:01
1:00 a.m.
01:00
11:00 a.m.
11:00
11:59 a.m.
11:59
Пладне 12 часот на пладне 12:00 p.m.
12:00
12:01 p.m.
12:01
1:00 p.m.
13:00
11:00 p.m.
23:00
11:59 p.m.
23:59
Полноќ (крај на денот) или почеток на нов ден
24:00
12-часовен часовник — временска конвенција во која 24-те часа од денот се поделени на два периода: a.m. (од латинскиante meridiem, што би значело до пладне) и p.m. (од латинскиpost meridiem, што би значело по пладне). Секој период се состои од 12 часа нумерирани: 12 (дејствувајќи како нула), 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11. Циклусот 24 часа/ден започнува во 12 часот на полноќ (обично се означува како 12 a.m.), а продолжува до 12 часот на пладне (обично се означува како 12 p.m.) и трае до полноќ, пред крајот на денот. 12-часовниот часовник бил развиван од средината на вториот милениум пред нашата ера до 16 век од нашата ера.
12-часовниот часовник е употребуван во земји каде што се говори англиски јазик и во поранешни британски колонии, како и во некои други земји.
Природната деноноќна поделба на календарскиот ден ја формира потребата за поделба на денот на два циклуса. Првично имало два циклуса: еден циклус кој бил следен според положбата на Сонцето (ден), проследен со еден циклус кој бил следен според положбата на Месечината и ѕвездите (ноќ). Ова на крајот резултирало со два 12-часовни периоди кои се употребуваат денес, започнувајќи на полноќ (a.m.) и пладне (p.m.). Пладнето, ретко се пишува скратено, но ако се пишува, се бележи со M.
12-часовниот часовник може да се проследи до Месопотамија и древен Египет. И египетската сандаја за дневна употреба и египетскиот воден часовник за ноќна употреба биле пронајдени во гробот на фараонот Аменхотеп I. Датирајќи од 1500 година пред нашата ера, овие часовници го поделија соодветно времето на по 12 часа.
Римјаните, исто така, употребувале 12-часовен часовник: денот бил поделен на 12 еднакви часа (така што часовите имале различна должина во текот на годината) и ноќта била поделена на 4 часа.
Првиот механички часовник во 14 век, ако воопшто имал бројчаник, ги покажувал сите 24 часа употребувајќи го 24-часовниот аналоген бројчаник, под влијание на знаењето на астрономите со астролабот и сончевиот дел и нивната желба да ја моделираат Земјината револуција (движењето на Земјата околу Сонцето). Во Северна Европа овие бројчаници генерално ја користеа 12-часовна нумерирана шема со римски броеви, но ги покажуваа и a.m. и p.m. периодите во круг. Ова е познато како двоен-XII систем, и може да се види на многу бројчаници, како кај оние на часовниците Велс и Ексетер.
На другите места во Европа, нумерирањето главно било засновано на 24-часовниот систем (од I до XXIV). 12-часовниот часовник бил употребуван низ целата Британска Империја.
Во текот на 15 и 16 век, 12-часовниот аналоген бројчаник и часовен систем постепено станал стандард низ цела Северна Европа за општа јавна употреба. 24-часовниот аналоген бројчаник бил резервиран повеќе за специјализирани употреби, како астрономски часовници и хронометри.
Повеќето аналогни часовници користат 12-часовен бројчаник, на кои часовната стрелка ротира еднаш во 12 часа и двапати во текот на денот. Некои аналогни бројчаници на часовници имаат внатрешен прстен од броеви, заедно со стандарниот од 1 до 12. Бројот 12 може да означува 00 или 24, додека броевите од 1 до 11 можат да означуваат од 13 до 23, соодветно. Оваа модификација дозволува часовникот да се чита како 24-часовна нотација. Овој тип на 12-часовен часовник може да се најде во земји каде што се претпочита 24-часовниот часовник.
12-часовниот часовник во говорот често е проследен со фразите како ... наутро, ... претпладне, ... попладне, и ... навечер. За државите во кои не се зборува англискиот јазик, термините a.m. и p.m. се ретки и често непознати.
Компјутерска поддршка
Во многу земји, компјутерите по дифолт го покажуваат времето во 24-часовна нотација. Повеќето оперативни системи, вклучувајќи ги Microsoft Windows и системи како Unix, како Linux и macOS, ја активираат 12-часовната нотација по дифолт за ограничен број на поставувања на бројот на јазици и региони. Овој начин може да биде променет од корисникот, како на Windows во "Region and Language" settings.
Кратенки
Латинските кратенки a.m. и p.m. (често се пишувани "am" и "pm", "AM" и "PM", или "A.M." и "P.M.") се употребувани во англискиот и шпанскиот јазик. Паралелно на грчки јазик се π.μ. и μ.μ., соодветно, и на синхалскиපෙ.ව. (pe.va.) за පෙරවරු (peravaru, පෙරpera – пред) и ප.ව. (pa.va.) за පස්වරු (pasvaru, පස්සේpassē – после). Сепак, пладнето ретко се крати кај било кој од овие јазици, односно се пишува целосно. На португалски јазик, постојат две официјални опции и многу други користине, како на пример, се користат 21:45: 21h45 или 21h45min (официјални) или 21:45 или 9:45 p.m. На ирски јазик, се употребуваат a.m. и i.n., кратенки од ar maidin ("наутро") and iarnóin ("попладне") соодветно.
На многу јазици им недостасуваат офоцијални кратенки за „пред пладне“ и „по пладне“, и нивните говорници го користат 12-часовниот часовник усно и неформално. Сепак, многу јазици, како рускиот и хебрејскиот, употребуваат неформални кратенки, како „9 наутро“ или „3 навечер“.
Кога фразите и кратенките се изоставени, можеме да се потпреме на смислата на реченицата. На пример, за одење работа доволно е да се каже „9 часот“ и се подразбира 9:00 a.m., но за танц ако кажеме „9 часот“, најверојатно станува збор за 9:00 p.m..