Шорфхајде (германски: Schorfheide) — општина во округот Барним, во Бранденбург, Германија. Била основана во 2003 со спојување на Финовфурт и Грос Шенебек.
Преглед
Во Шорфхајде влегуваат и селата Алтенхоф, Бемерхајде, Ајхорст, Кландорф, Лихтерфелде, Шлуфт и Вербелин. Се наоѓа западно од административното седиште на округот Еберсвалде и околу 40 километри североисточно од Берлин. Шорфхајде е најголема општина во Барним гледано според површина. Големи делови од нејзе припаѓаат на Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин.
Во 13 век, асканиските маркгрофови на Бранденбург изградиле замок на јужниот дел на Вербелинското Езеро. Во 1879, принцот Карло ја изградил кулата Асканија. Во Грос Шенебек се наоѓа ловечка куќа подигната во 1680 од страна на изборниот кнез Фридрих Вилхелм I, која денес служи како музеј. Од 1950 до 1989, во Алтенхоф се одржувал кампот „Пионерска република Вилхелм Пик“ (Pionierrepublik Wilhelm Pieck).