Чаршиски мост (наречен и Царски мост) — историски камен мост преку Кратовска Река во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]
Мостот е изграден во 1804 година. Реновиран е во 1933 година. Се вбројува меѓу симболите на градот и стои претставен на грбот на Општина Кратово.[2] Се наоѓа на околу 70 метри од Грофчанскиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по Ајдучката чаршија.
Изграден е од камен и има еден свод со големина од 0,90 × 2 м.[3]
Поврзано
Наводи