Црпалка

Алуминиумска црпалка

Црпалка[1][2] или црпка[3][4] — вид на лажица што се користи за сервирање храна, најчесто разни видови супи и чорби, но и други видови храна.[5] Црпалките обично имаат долга права или малку закривена рачка на чиј врв се наоѓа чинија со која се зафаќа храна. Садот обично е поставен под тап агол во однос на рачката со цел да се олесни турање на кашеста храна и течности.

Најчесто се направени од не’рѓосувачки челик, но се користат и: алуминиум, сребро, бакарни легури, пластика, меламински смоли, дрво, бамбус и други материјали. Големината, обликот и материјалот на конструкцијата зависи од намената на црпалката. Така, за сосови и зачини се користат црпалки со вкупна должина помала од 7-8 сантиметри, додека за супи, чорби и пунчеви се користат чинии поголеми од 30 сантиметри. Најчестата зафатнина на садот кај црпалките е 0,14 литри, така што 3-5 лажици се истураат во чинија за супа или чорба, што е вкупно околу 0,4-0,7 литри.[6]

Галерија

Поврзано

Наводи

Литература

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!