Црква — археолошко наоѓалиште во тетовското село Новаќе, т.е средновековна црква и некропола[1]. Се наоѓа на мала височинка, оддалечена 200 м јужно од селото, каде се наоѓаат остатоци од мала еднокорабна црква што била посветена на Св. Никола. Околу неа се гледаат камени плочи од гробни конструкции[2].
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ Алексова Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959