Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — главна селска црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и има преовладува во панорамата на селото со својата бела фасада.
Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.[3] До 1946 година, црквата поседувала над 130 декари земја (ниви и ливади), која била поделена на селаните.[2]
До 1912 година, во непосредна близина на црквата се наоѓале и селски гробишта. Денес, главните селски гробишта се наоѓаат во северниот дел на црквата, каде е изградена црквата „Св. Архангел Михаил“.[2]
Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година.[4]
Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација.[5] Исто така напукнале делови од објектот, потемнеле ѕидовите во внатрешноста, а испаѓале и се искршиле и дел од лустерите во црквата.
Архитектура
Храмот е доста голем и убав, еден од најуредените во околината.[2]
Фасадата на храмот пред ударот на гром била розова, а по обновата во 2019 година, црквата добила бела фасада.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 2,02,12,22,3Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 331.
↑Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2019-08-30.