Света Богородица е главната селска црква во тетовското село Беловиште.[1] Изградена е во почетокот на XX век на местото каде дотогаш постоела мала истоимена црквичка. Оваа црква има најубав живопис од сите цркви во Долни Полог. Зографи биле Гавро и Страте од Мијачки Осој. Патронот се слави на денот на раѓањето на Богородица - Мала Богородица.[2]
Наводи
Поврзано
Галерија
-
Поглед кон црквата и селските гробишта
-
Икона на Исус Христос од црквата од 1863 година од неидентификуван автор. Денес се чува во тетовската гелрија на икони
-
Икона на Св. Јован Претеча од црквата од 1842 година дело на крушевскиот зограф Дамјан. Денес се чува во тетовската гелрија на икони