Свети Ѓорѓи (позната и како: Свети Ѓорѓија Победоносец) — македонски православен храм и главна манастирска црква на Кучковскиот манастир, во скопското село Кучково, Општина Ѓорче Петров[1].
Историја
Се верува дека црквата била изградена во 1346 година. Низ годините, црквата, како и целиот манастир, биле запоставени и почнале да пропаѓаат, но кон крајот на XX век биле обновени. Во тој период биле изградени и камбанаријата, старите и новите конаци, библиотеката и други помошни објекти.
Иконостасот во црквата бил направен од страна на Петре Камењарката од кратовското село Лесново од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.[2] Впечатлив е целиот фрескоживопис на црквата.[3]
Во црквата се наоѓале и познати икони на Св. Богородица и Св. Јован, кои сега повеќе не се наоѓаат во самата црква.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Цркви во Општина Ѓорче Петров |
---|
| | | |
---|
| |
|