Цербст

Цербст
Грб на Цербст
Цербст во рамките на Германија
Цербст
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Анхалт-Битерфелд
Градоначалник Хелмут Берент (СлДП)
Основни податоци
Површина 468 км2
Надм. височина 67 м
Население 21.519 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 46 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ABI
Пошт. бр. 39261
Повик. бр. 03923
Портал www.stadt-zerbst.de
Местоположба на град Цербст во рамките на округот Анхалт-Битерфелд
Карта
Карта
Координати 51°58′5″N 12°5′4″E / 51.96806° СГШ; 12.08444° ИГД / 51.96806; 12.08444

Цербст (германски: Zerbst) — град во округот Анхалт-Битерфелд, во Саксонија-Анхалт, Германија. До административната реформа во 2007, Цербст бил главен град на округот Анхалт-Цербст. Од 1 јануари со локалната владина реформа, Цербст има околу 24.000 жители.

Не е познато кога е основан; меѓутоа, област со име Ciervisti била спомната рано во 949. Градот е прво споменат како Zirwisti urbs[2] во хрониката на Титмар од Мерзербург во 1018.

Градското собрание во Цербст

Во 1307, Албрехт I го добил градот Цербст од семејството Барби, почнувајќи повеќевековно владеење од страна на династијата Асканија.

Следејќи ја реформацијата, Цербст станал калвинистички центар. Од 1582 до 1798, Francisceum Gymnasium illustre бил важна калвинистичка школа.

Од 1603 до 1793, Цербст бил резиденцијален град на кнежевството Цербст, кој владеен заедно со Јефер. Од 1722 до 1758, важниот барокен композитор Јохан Фридрих Фаш престојувал овде и бил вработен како Hofkapellmeister. (Во негова чест, се одржува Фаш-фестивал во градот од 1983.)

Во 1745, принцезата Софи Август Фридерика фон Анхалт-Цербст се омажила за Петар III, наследник на рускиот престол. Како Катерина II (Велика) се поставила себеси како руска царица од 9 јули [ст. ст. 28 јуни] 1762 до 17 ноември [ст. ст. 6 ноември] 1796).

Во 1797, Цербст станал дел од кнежевството Анхалт-Десау.

Од 1891 до 1928, имало коњски трамвај во Цербст, еден од најдолгите постојани трамваи од таков вид во Германија.

Во подоцнежниот дел на Втората светска војна бил основан нацистички работен камп на еден воен аеродром, сместувајќи ги т.н. „прв степен на хибриди“ и „Jüdisch Versippte“ (на пр. луѓе делумно Евреи, но доволно во погледот на Нацистите да ги сметаат за отпадници, притоа не убивајќи туку ги измачувале). 700 затвореници оттука биле користени за тешка работа на патишта и градба на аеродроми.

На 16 април 1945, само неколку недели пред конечната капитулација на Нацистичка Германија, некои осумдесет проценти од Цербст бил уништен од сојузничките воздушни напади.

Стариот град бил обновен во следните децении со крупна промена на градскиот изглед, само неколку историски градби биле зачувани.

На 1 јули 2006, градот Цербст бил преименуван во Цербст/Анхалт. Година подоцна, на 1 јули 2007, градот Цербст/Анхалт бил припоен заедно со неколку други општини на административниот округ Анхалт-Цербст, правејќи го новоформираниот административен округ Анхалт-Битерфелд, со главен град Кетен.

Поврзано

Наводи

  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. Thietmari Merseburgensis episcopi Chronicon, post editionem Ioh. M. Lappenbergii recognovit Fridericus Kurze (1889)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!