Царски топ (руски: Царь-пушка) — средновековно артилериско оружје, ремек дело на руската артилерија, кој датира од 1586 година. Главен мајстор за изработка на бронзениот топ бил Андреј Чохов, и истиот бил изработен во времето на Фјодор I. Топот никогаш не служел за она за кое бил изработен.
Должината на топот е 5,34 m,[1] со пречник од 1200 mm[1] , калибар 890 mm[1], тежина — 40 t[2]. Секое негово ѓуле тежи 1965 кг. Топот е вклучен во Генисовата книга на рекорди како најголем на светот.[3]