Хутите (/ˈhuːθi/; арапски: الحوثيونal-Ḥūthīyūn[al.ħuː.θiː.juːn]), официјално познати како Ансар Алах[б 1] (арапски: أنصار اللهʾAnṣār Allāh, букв.'Божји помошници') — шиитска политичка и воена организација што настанала во Јемен во 1990-те.
Под водство на верскиот водач Хусеин ел-Хути, Хутитското движење се појавило како опозициско движење на тогашниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Тие го обвинувале за корупција и го критикувале дека е поддржан од Саудиска Арабија и САД.[6] Хути го обвинувал Салех дека сака да ги задоволи интересите на САД на сметка на јеменскиот народ[7] и јеменскиот суверенитет.[8] Во 2003, под влијание на либанската шиитска политичка и воена организација Хезболах, Хутите го усвоиле својот службен слоган: „Бог е голем, Смрт на Америка, Смрт на Израел, Клетва на Евреите, Победа на исламот.“[9] Пружејќи отпот на наредбата на Салех за негово апсење,[10] Хути бил убиен од јеменската војска во Саада во 2004, по што започнал бунт.[11] Оттогаш, освен во еден краток период, движењето е предводено од неговиот брат Абдул-Малик ел-Хути.[10]
↑„Experts See Signs of Moderation Despite Houthis' Harsh Slogans“. New York Times. 24 јануари 2015. Посетено на 1 февруари 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) "The official slogan and emblem of the Houthis ... includes the words “Death to America, death to Israel, damnation to the Jews.” Houthis shout it when they march, wear it on arm patches, paint it on buildings and stick it onto their car windows. When pictured, those words are rendered in red, framed by “God is great” and “Victory to Islam” in green, on a white background."