Брегот е откриен од Антарктичката служба на САД (1939–1941) и наречен по професорот Вилијам Хобс од Мичигенскиот универзитет, глациолог со специјалност по поларна географија и историја. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.[1]