Карта на Хиџаз на која се прикажани градовите Мека , Медина, Џеда, Јанбу и Табук. Денешниот саудиска покраина е оцртана со црвено, а Кралството Хиџаз од 1923 година е со зелено.
Хиџаз (арап.ٱلْحِجَاز, al-Ḥijāz – бариера) ― регион во западниот дел на Саудиска Арабија. Ги опфаќа градовите Мека, Медина, Џеда, Табук, Јанбу, Таиф и Балџураши. Позната е и како „Западна провинција“ во Саудиска Арабија. [1] На запад се граничи со Црвено Море, на север со Јордан, на исток со Наџд и на југ со регионот Асир.[2] Најголем град е Џеда (втор по големина град во Саудиска Арабија), а Мека и Медина се четврти и петти по големина градови во државата. Хиџаз е најкосмополитски регион на Арапскиот Полуостров.[3]
Хиџаз е значаен по тоа што таму се наоѓаат исламските свети градови Мека[4] и Медина,[5][6][7]најсветите места во исламот. Како место на двете најсвети места во исламот, Хиџаз добил на значење во арапската и исламската историја и политика. Регионот Хиџаз е регион со најмногу жители во Саудиска Арабија,[8] како и во остатокот од Саудиска Арабија најмногу се зборува арапски јазик, а хиџашкиот арапски е најраспространет дијалект во регионот. Некои Хиџази имаат различно етничко потекло,[3] но сепак огромно мнозинство имаат арапско потекло.[9]
↑„Mecca: Islam's cosmopolitan heart“. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2023-04-13. The Hijaz is the largest, most populated, and most culturally and religiously diverse region of Saudi Arabia, in large part because it was the traditional host area of all the pilgrims to Mecca, many of whom settled and intermarried there.