Водите на заливот се дел од Тихиот Океан, со кој се поврзува а север и на исток. Заливот е воглавно заштитен од Тихиот Океан од Големиот Препречен Остров и Малиот Препречен Остров (Хаутуру) на север, како и од полуостровот Коромандел (должина 80 км) на исток.
Три протоци го врзуваат заливот за Тихиот Океан — Ковиловиот, помеѓу полуостровот Коромандел и Големиот Препречен Остров, Крадок, помеѓу двата острова, и Џеликовскиот помеѓу Малиот Препречен Остров и Севернооклендскиот Полуостров.
Северно од Окленд, неколку полуострови се издаваат во заливот, од кои најзабележителен е Фангапараоа. Островот Тиритири Матанги лежи близу крајот на полуостровот. Уште посеверно го наоѓаме островот Кавау кој се наоѓа под Тафаранујскиот полуостров.
Разните места по заливот ги красат бројни плажи, многу од кои се познати по пливањето и сурфањето.