Хамураби (Hammurabi) бил шестиот крал на Вавилон. По освојувањето на Сумер и Акад, и прекинувањето на последната сумерска династијаИсин, тој бил прв крал на Вавилонското царство (империја).
Тој е најпознат по донесување на законите од Законикот на Хамураби. Законикот бил испишан на камена стела и поставен на јавно место, за сите да можат да го видат - иако мал дел од населението бил писмен.