Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
|
Податоци за органот
|
Основан
|
1991
|
Седиште
|
Скопје, Македонија
|
Вработени
|
648[1] (2015)
|
Раководител
|
Дритан Беџети (Директор)
|
Мрежно место
|
piom.com.mk
|
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, го спроведува системот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, кој од 1991 година е следбеник на поранешната Самоуправна интересна заедница на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување на единствен начин се уредени правата од пензиското и инвалидско осигурување за сите осигуреници. Управните, финансиските, стручните, административните и другите работи во спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување на територијата на Република Македонија ги спроведува Стручната служба на Фондот, со Централа и подрачни единици.
Седиштето на Фондот е во Скопје.
Активности на Фондот
Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување се остварува политиката на развојот на пензиското и инвалидско осигурување, се следат состојбите, се преземаат соодветни мерки за унапредување на системот на пензиското и инвалидско осигурување и за рационално користење на средствата потребни за обезбедување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, се решаваат права за остварување старосна, инвалидска и семејна пензија, право на распоредување на друго соодветно место, право на соодветно вработување, право на преквалификација или доквалификација и право на соодветни парични надоместоци, право на паричен надоместок за телесно оштетување, право на најнизок износ на пензија и се врши исплата на пензии и други права од пензиското и инвалидско осигурување.
Финансии
Вкупните приходи на Фондот во 2017 година изнесувале 65.319,96 милион денари, од кои изворните приходи биле 35.613,90 милиони денари, а 28.457,03 милиони денари биле трансфер од Буџетот на Република Макединија. Вкупните расходи на Фондот во 2017 година биле 65.148,94 милиони денари.[2]
Наводи