Фиќуровци — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Зубовце. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на јужната периферија на селото, во непосредната близина на приватна куќа, во маалото Фиќуровци, каде се откриени камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад.[1][2]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Алексова, Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959