Фес (турски: fes, арапски: طربوش) – капа во форма на пресечен конус, црвена, обично со црн пискул закачен на средината од врвот, карактеристична за Турците[1].
Фесовите се распространети во исламскиот свет, најмногу во последниот век од историјата на Османлиското Царство. Во текот на 1826 година, османлискиот султанМахмуд II, по ликвидирањето на јаничарскиот корпус, со ферман наредува сите чиновници и наемни војници задолжително да носат фесови. Во 1925 година, турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк го забранува носењето фесови.