Фалкенберг/Елстер

Фалкенберг/Елстер
Поглед кон Фалкенберг/Елстер
Поглед кон Фалкенберг/Елстер
Поглед кон Фалкенберг/Елстер
Грб на Фалкенберг/Елстер
Фалкенберг/Елстер во рамките на Германија
Фалкенберг/Елстер
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Елба-Елстер
Градски единици 5
Градоначалник Херолд Квик (СДП)
Основни податоци
Површина 81,80 км2
Надм. височина 86 м
Население 6.263 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 77 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EE
Пошт. бр. 04895
Повик. бр. 035365
Портал www.falkenberg-elster.de
Местоположба на градот Фалкенберг/Елстер во рамките на округот Елба-Елстер
Карта
Карта
Координати 51°34′59″N 13°13′56″E / 51.58306° СГШ; 13.23222° ИГД / 51.58306; 13.23222

Фалкенберг (германски: Falkenberg) — град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа близу реката Шварце Елстер, 16 километри источно од Торгау и 13 километри северозападно од Бад Либенверда.

Историја

Првпат бил споменат во 1251. Во 1547, Битката кај Милберг била водена во близина на Фалкенберг, кога саксонскиот изборен кнез Јохан Фридрих I бил земен како заробеник. Самото село имало мало значење до 19 век. Дворецот ги менувал сопствениците повеќепати, додека не бил купен од општината во 1911. Во 1848 Фалкенберг добил станица на железницата Јитербог - Риза. Железницата Лајпциг/Хале - Ајленбург - Котбус била отворена во 1872 и поминувала низ Фалкенберг, поради што градот станал главна железничка раскрсница и доживеал голем пораст. Втората светска војна донела големи уништувања. Во 1962 на Фалкенберг му биле доделени правата на град. Грбот ги прикажува главните сектори на економијата во градот: енергетиката, железницата и земјоделството.

Голем број на напуштени парни локомотиви се поставени во старото железничко депо на североисток од градот.

Наводи

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!