Ујхтериц (германски: Uichteritz) — село и поранешна општина во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Вајсенфелс.
Географија
Ујхтериц се наоѓа помеѓу Гозек и Вајсенфелс, северозападно од Зале во долината на Зале, околу 2,5 километри од Вајсенфелс.
Лобич исто ака припаѓа на стариот административен округ пред да биде припоен кон Вајсенфелс.
Историја
Првите докази за постоење на Ујхтериц се во времето на големата преселба на народите во 6. и 7. век. Најпрвин биле Лужичките Срби, кои го населиле овој регион, како што е документирано во археолошките пронајдоци, како и имињата на местата што завршуваат на „-иц“.
Првото документирано спомнување на селото (како Ујхтериц) било во регистарот на манастирот во Вајсенфелс.
Околу 1300 областа била под власта на Грофовијата Мајсен. Околу ова време црквата во Ујхтериц била изградена, сега најстарата зграда во селото. На задната страна на црквата има песочни столбови со долги корита, т.н. Улеи мечеви. Биле користени од страна на витезите пред да одат во битка.
Исто така, е документирано дека Зале ги пробил браните во 1784 година и го поплавил селото, уништувајќи 44 куќи, шупи и штали.
На 1 јануари 2010, претходните независни села Ујхтериц, Марквербен и Лангендорф биле припоени кон Вајсенфелс.[1]
Познати жители
Наводи
Надворешни врски