Услар бил првпат споменат во 1006/1007 година. Во втората половина на XII век, велфската династија започнала да владее со градот, што траело до XIX век.
Во 1599 година бил изграден замокот Фројдентал, кој бил запален во 1612 година. Во 1819 година, големи делови од градот биле запалени.
Градот Услар е поделен на 19 градски единици: Алберсхаузен, Алерсхаузен, Болензен, Делихаузен, Динкелхаузен, Ешерхаузен, Фирстенхаген, Гирсвалде, Камерборн, Офензен, Шларпе, Шенхаген, Шенинген, Золинген, Услар, Фале, Ферлихаузен, Фолприхаузен и Винзен.
Сообраќај
До Услар може да се стигне преку покраинскиот пат Л554 од Гетинген. Низ Услар поминува сојузниот пат Б241 во насока на Беферунген до Нортхајм. Најблиски автопати се А7 и А44.
Во близина на градот се наоѓа мал рекреативно леталиште, водено од локалниот клуб.[2]
Услар е поврзан со железница преку градот Нортхајм.
Стопанство
Индустријата во Услар се заснова на природните ресурси како дрво, песок и вода.
Во XX век, индустријата за мебел на Услар била светски позната со над 2000 вработени во 1950-тите години. Денес, само туризмот е важна гранка во градот.
Постои и приватна пиварница, која произведува пиво на семејството Бергброј.