Убиство во Ориент-експрес премиерно бил прикажан на 2 ноември 2017 година во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во САД бил издаден на 10 ноември 2017 година, од страна на 20th Century Fox.[3] Филмот бил комерцијален успех, заработувајќи преку 297 милиони долари на светско ниво, во споредба со буџетот од 55 милиони долари. Од филмските критичари, филмот се здобил со мешани критики, и тоа пофалби за изведбата на глумците и за продукцијата, и негативни критики насочени кон неинвентивноста да се додаде нешто ново во споредба со претходните адаптации.[4]
Синопсис
Херкул Поаро, најдобриот детектив на светот, патува во познатиот воз Ориент-експрес. Патем, возот е принуден да застане поради мала лавина и тогаш во него се случува убиство. Вовозот се наоѓаат повеќе луѓе кои не само што имале можност да го извршат убиството, туку имале и мотив за тоа.[5]
До 16 декември 2017 година, Убиство во Ориент-експрес остварил заработка од 97.25 милиони долари во САД и Канада, и 200.7 милинои долари во другите територии, за вкупна заработка од 297,9 милиони долари, наспроти буџетот од 55 милиони долари.[2]
Во САД и Канада, Убиство во Ориент-експрес бил издаден заедно со филмот Тато се врати 2, и било проектирано да оствари заработка од 20 милиони долари од 3,341 кина во првиот викенд на прикажување.[6] Филмот заработил 10,9 милиони долари на првиот ден на прикажување. Филмот ги надминал очекувањата и во првиот викенд на прикажување заработил 28,7 милиони долари, завршувајќи на третото место по големина на заработка, зад Тор: Рагнарок и Тато се врати 2. Во првиот викенд на прикажување, 51% од гледачите биле луѓе со возраст над 35 години.[7] Во вториот викенд на прикажување, филмот заработил 13,8 милиони долари (пад од 51.9%), завршувајќи на петтото место, зад Лига на правдата, Чудо, Тор: Рагнарок и Тато се врати 2.[8]