Трозабец — оружје кое наликува на копје кое на врв има три големи метални запци, познат е од старогрчката митологија бидејќи го имал богот Посејдон односно Нептун кај Старите Римјани, но и други богови. Трозабецот е симбол на три најголеми острови на Атлантида.
Најпрво служел само за риболов. Во времето на Римското Царство трозабецот (-ridens) бил често оружје на гладијаторите (retiari) во арената.
Трозабец е втиснат на парите на некои антички градови.
Златен трозабец, кој води потекло од византиска хералдика, денес е мотив на грбот на Украина. Трозабец е прикажан и на знамето на Барбадос. Италијанскиот произведувач на автомобили „Мазерати“ го користи трозабецот како свој заштитен знак.
Галерија
-
Посејдон со трозабец (плоча од Коринт, 550–525 п. н. е,
Музеј Лувр).
-
Статуа на богот
Шива со трозабец (
Делхи во Индија)
-
-
Поврзано
Наводи