Трипериодниот систем е израз што го објаснува начинот на кој се врши периодизацијата на човечката праисторија - во три различни периоди, наречени според името на материјалот кој имал доминанта употреба во соодветната епоха:
Системот е најдобар при опишувањето на развитокот на европските култури, иако се користи и при објаснувањето на историјата на останатите континенти. Сепак, системот е и доста критикуван, поради тоа што е премногу технолошки детерминиран.