Тразименското Езеро (италијански: Lago Trasimeno, Латински:Trasumennus) со својата површина од 128 км2 е најголемо езеро на Апенинскиот Полуостров и четврто најголемо езеро во Италија. Се наоѓа во регионот Умбрија северозападно од Перуџа, 259 метри над нивото на морето. Длабоко е до 6 метри и опкружено е со планини со просечна висина од 600 метри. Во Тразименското Езеро живеат 18 видови риби. Селаните кои живеат на источниот и јужниот брег се занимаваат со риболов.
Битката кај Тразименското Езеро
Ова езеро добило историско значење кога на 24 јуни 217 год п.н.е. каде што во близина на езерото се одиграла важна битка во Втората пунска војна. Тука ханибалската војска ја поразила римската армија од 25,000 луѓе под водство на Гај Фламиниј.