Теодеберт I (или Тиберт I) (°v. 504, +548) бил крал на Франките, кој владеел на источниот дел на кралството (идна Австразија). Негова престолнина бил градот Трир.
Станува крал на Мец во 534 по смртта на неговиот татко и поради тоа морал набрзина да ја прекине опсадата на Арл и да си ги земе своите права [2].
Неговите чичковци Хилдеберт I и Клотер I имале намера да си го поделат неговото кралство, но големите се спротивставиле и го поддржале Теодеберт, кој најпосле бил прифатен од Хилдеберт. Двајцата заедно тогаш тргнале во војна против Клотер, кој побегнал во некоја шума. Додека тој бил под опсада, град ги уништило камповите на неговите непријатели па овие исплашени се откажале од опсадата и склучиле примирје [3].
Во 536Остроготите, во војна во Италија против Византијците и во неможност да ја одбранат Прованса, мораат да ја препуштат таа провинција на Франките кои со години се обидувале да ја освојат заради излез на море.
Во 539 тој влегува во Италија со армија од 100.000 луѓе, и ги напаѓа и Готите и Виантијците [4]. Зазема поголем дел од Венеција и Лигурија. Морал да се повлече поради болеста која ги десеткувала неговите трупи, но во Венеција оставил еден војвода кој подоцна ќе биде познат под името Тотила[5].
Убиен е од страна на некој бизон во тек на лов во 548. Го оставил своето кралство во наследство на својот син Теодебалд кој го имал со Деотерија.
Брак и деца
Се оженил во 532-533 со Деотерија[6], со потекло од галороманската аристократија од Оверњ и вдовица на управникот на Кабриера, близу Безје[7]. Таа ги родила :
Откако ја напуштил Деотарија, се оженил со некоја ломбардска принцеза, Визигардис, ќерка на кралот Вако[6]. Веридбата се случила во 533, но Теодеберт во меѓувреме се оженил со Деотерија па затоа ја земал за жена Визигардис дури околу 540. Таа ќе биде мајка на[7] ·[8] :
Бертоара, која е наведена само еднаш од страна на поетот Фортунат кој вели дека сè уште била жива во 566. Можно е, но без сигурност, дека таа е франкиската принцеза за која Прокопиј вели дека била побарана за жена од страна на остроготскиот кралТотила околу 547-550, но тој план не завршил со свадба[7].
Григориј Турски кажува исто така и дека тој кусо време бил вдовец и се оженил по третпат, но тој не го спомнува името на таа сопруга [6] ·[7].