Тенкоклунестиот трскар (науч. Acrocephalus melanopogon) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae). Се размножува низ јужна Европа и јужна умерена Азија со неколку популации во северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е делумно птица преселница. Југозападните европски популации се постојани жители, источноевропските зимуваат во средоземниот опсег, а Азиските се селат на Арабискиот Полуостров и во Пакистан[2]. Ретко се појавува северно од својот опсег, но како многу редок скитник е забележана во Полска и Данска.
Опис
Тенкоклунестиот трскар е со средна големина од неговото семејство, долг 12-13.5 см. Нема изразен полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. Од горната страна се црвеникавокафеави прошарани со црно, а одоздола се бели. Главата им е црна прошарана, и имаат силна бела линија над окото. Тилот и кај опашката не се прошарани, еднобојни им се. Опашката им е кафеава, обрабена со црвеникави краеви на пердувите[3]. Клунот им е долг, тенок, остар и силен.
Поведение
Живеалиштето на оваа птица се влажните места крај реките, речните канали, езера, бари со трски и другите водни растенија. Рамнините се најсоодветни за овој вид, иако се среќава и во планините, до 1900 метри надморска височина.
Се храни исклучуво со инсекти, а многу ретко со пајаци и мали мекотели.
Песната на тенкоклунестиот трскар е брзо чрчорење со некои додатоци од свиркање и имитации на други птици. Неговата песна е помека и помелодична отколку на неговите роднини и заличува на песната на славејчето. Не пее во лет.[4]
Гнездото го прави во грмушки, но почесто меѓу трските над вода. Вообичаено се моногамни и имаат едно легло годишно со 3-6 јајца кои ги несат во средината на април. Ги инкубираат 14-15 дена.
↑Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1