Текстовите на Танахот првпат биле напишани главно на еврејски, а некои делови на арамејски. Овие текстови вклучуваат:
Тора (תּוֹרָה) — Закон;
Невиим (נְבִיאִים) — Пророци;
Кетувим (כְּתוּבִים) — Списи, писанија.
Содржината на Танахот се совпаѓа со Стариот завет на христијанската Библија, со исклучок на неканонски (или второканонски) книги, како и додатоци што не се наоѓаат во Танахот, и делумно, редоследот на книгите.[3]
Содржина на Танахот
Танахот раскажува за создавањето на светот и човештвото, за Божјиот завет и заповеди и за историјата на еврејскиот народ од нивните почетоци до почетокот на периодот на Вториот храм. Еврејските верници ги сметаат овие книги за свети, дадени од Светиот Дух (Руах ха-Кодеш, רוּחַ הַקֹּדֶשׁ). Танахот и еврејските верувања, исто така, го обликувале развојот на христијанството и исламот.[4]