Тамуз (хебрејски: תמוז) — десеттиот месец од граѓанскиот и четвртиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена, кој се совпаѓа со јуни-јули од грегоријанскиот календар.
Името на месецот е прифатено од асирско-вавилонскиот календар, каде истиот е наречен по еден од поважните месопотамски богови — Тамуз, за кој се зборува во Езекил 8:14.[1]
Меѓу другото, тамуз е и месец во современиот асирски календар на асирските христијани.
Празници во тамуз
17 тамуз: Седумнаесетти тамуз (Шива асар бетамуз) — жаловен пост во сеќавање на заземањето на Ерусалим од вавилонскиот цар Навуходоносор.[2]
На други јазици
Поврзано
Наводи
Надворешни врски