Сулево (грчки: Σκεπαστό, Скепасто: до 1928 г. Σούλοβο, Сулово[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 30 километри северно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 661 метри.
Сулево опфаќа површина од 30 квадратни километри.[3].
Историја
Отоманско Царство
Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 110 жители Турци[4].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 50 жители[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.
Во 1926 година селото било преименувано во Скепасто.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 87 жители бегалци и со население од 389 луѓе[6], додека во 1940 година селото броело 598 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 834 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 621 жител, во 1971 година имало 460 жители, во 1981 година имало 470 жители, додека во 1991 година имало 470 жители[7]. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
|
1940
|
1951
|
1961
|
1971
|
1981
|
1991
|
2001
|
2011
|
2021
|
Население
|
598
|
834
|
621
|
460
|
470
|
526
|
425
|
322
|
236
|
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски