Степска еја

Степска еја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Јастребовидни, q.v.)
Семејство: Јастреби
Род: Еја
Вид: Степска еја
Научен назив
Circus macrourus
S. G. Gmelin, 1770

Степската еја или степски жабар (научCircus macrourus) е птица од родот еи (Circus) во семејството јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет. Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во Средна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.

Опис

Мажјак
Женка
Податотека:Circus macrourus MHNT.ZOO.2010 ноември 97 ноември jpg
Circus macrourus

Кај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.

Птицата живее во отворени, степски предели.

Исхрана

Степската еја лови и се храни со мали цицачи, влекачи и птици, изненадувајќи ги со брзиот и низок лет.

Размножување

Овој јастреб е моногамна птица која одгледува едно легло годишно. Гнездат директно на земја на тревна површина. Несат 3-5 светлосини јајца. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 28-30 дена. Ги лежи само женката, но за време на инкубацијата и првите денови по испилувањето, мажјакот носи храна и за женката и за пилињата. Младенчињата го напуштаат гнездото по 35-40 дена.

Наводи

  1. „Птици на Иран — Степска еја“. „Ирански пустини“. Посетено на 2 март 2013. (персиски)
  2. BirdLife International (2012). Circus macrourus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.

Литература

Распознавање

Forsman, Dick (1995) Field identification of female and juvenile Montagu's and Pallid Harriers Dutch Birding 17(2): 41-54

Надворешни врски

  • Степска еја - „Атлас на птиците на Јужна Африка“ (англиски)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!