Старозагорско востание

Старозагорско востание
Знамето на Старозагорското востание, со натпис "Слобода или смрт"
Карта на движење на востаниците во Старозагорското востание
Изворен назив Старозагорското Възстание
Датум1875
ИсходНеуспешно, довело до Априлското востание

Старозагорското востание претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На 12 август 1875 година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран Стефан Стамболов и Никола Обретенов, а за центар на востанието - Стара Загора.

Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Востанието во крајна сметка не било успешно. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите.

И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на Априлското востание, по кое се создала новата бугарска држава на Балканот.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!