Стакло или џам — хомоген, аморфен и цврст материјал, што обично се произведува кога соодветно вискозен стопен материјал се лади многу брзо, така што не се дава доволно време за да се формира нормална кристална структура. Едноставен пример е кога шеќерот се топи и брзо се лади преку контакт со студена површина. Поимот стакло во секојдневна употреба се однесува на специфичен тип на стакло, засновано на силициум диоксид и се користи како материјал за различни објекти, контејнери и декорации.
Стаклото како тема во уметноста и во популарната култура
„Срце од стакло“ (англиски: Heart of glass) — песна на американската рок-група Блонди од 1978 година.[1]