Споменикот на депортираните Евреи — споменик издигнат во чест на депортираните Евреи од Штип за време на Втората светска војна. Подигнат е во 1985 гододина и е дело на уметникот Методи Андонов. Споменикот го симболизира животниот пат на Евреите. Според авторот „линијата на животот“ е прекината на 11 март1943 година кога 551 лица биле депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата на Заводот и Музеј - Штип.[1]
На 1 март2013 година споменикот бил цел на вандалски чин, при половина од железната менора во горниот дел бил искршен.[2]