Список на египетски божества
Статија поврзана со Египетска митологија .
Забелешка: повеќето божества имаат по неколку имиња.
Анк , светиот знак на животот.
А
Амаунет - првата жена на Амон, создадена од Нун
Амут - чудовиште од повеќе делови, ги проголтува лошите луѓе
Амон - бог на Теба
Амон-Ра - спој на Ра и Амон, богот на Теба, стариот град
Анубис (Анпу) - бог на балсамирањето, првобитно бог на подземјето, бог-шакал, незаконски син на Озирис
Апоп (Апеп) - зол демон, темница и хаос, кобра, дете на Неит, непријателка на Ра
Атум (Тем, Тему, Тум, Атем) - бог на создавањето, на залезот на сонцето, имал овновска глава
Б
Бес - бог на веселбите и танцот, чудно џуџе
Г
Д
И
К
Кек - бог на темнината, творец на вселената
Кепри - бог на утринското сонце, скарабеј
Консу (Конс, Кенсу) - бог на Месечината, заедно со своите родители Амон и Мут заштитник на Теба
М
Маат (Ма’ат или Мает) - ги штити вистината, правдата и хармонијата, понекогаш претставена и како божица, ја сметале за сестра на фараонот, ја надгледува работата на целата вселена
Меретсегер - божица-кобра, заштитничка на Долината на кралевите во Теба
Мин - бог на машката плодност и ерекција
Мут - божица на мајчинството, втората жена на Амон
Н
Неит - божица на војната, древна северна божица, ракува со лак и стрела, „Мајка на Боговите“
Нефтида - божица на подземното царство, на ноќта и гробниците, жена на Сет, а љубовница на Озирис
Нун - океан според еден, а бог според друг мит
Нут - божица на небото, мајка на ѕвездите и боговите
О
П
Р
Ра - бог на сонцето , имал глава на орел; во старото и средното кралство - крал на боговите
Големата сфинга во Гиза.
С
Секмет - божица-лавица, воинствена, свирепа и осветољубива
Серкет - божица на скорпиите и на лечењето, заштитничка на мумиите и фараоните
Сешат - божица на пишувањето, мудроста и науката, записничарка на боговите
Сет - бог на хаосот, силата, војната, бурите, и пустините, имал глава на волк
Собек - бог-крокодил, бог на плодноста, скриен во мочуриште
Сфинга - чудовиште со човечка глава и тело на лав, а може да биде и со глава на овен
Т
Таварет - божица - нилски коњ, заштитничка на децата и бремените жени
Тефнут - божица на водата и плодноста, на дождот и влажноста, претставена со глава на лав
Тот (Техути) - бог на месечината, пишувањето и знаењето, бог - ибис
Ф
Феникс - света волшебна двополна птица, се споменува и во Кина
Х
Хапи - бог на Нил и водите, дава плодност на Земјата, поважен им е на селаните од самиот Ра
Хатор (Хеб) - божица на сонцето, „окото на богот Ра“, заштитничка на мртвите, божица-крава
Хекет - божица-жаба, знак на животот и плодноста
Хнум - бог-овен, грнчар, ги создал луѓето на својето грнчарско тркало
Хор (или Херу, Хер) - бог на воскреснувањето; постојат два Хоруса - едниот е претставен како сокол, а другиот со човечко тело и глава на сокол
Хух - бог на небесната вечност и бесконечност, еден од творците на светот, заедно со Нун и Амон
Ч
Ш