Сојузна статистичка служба на Германија (германски: Statistisches Bundesamt, кратко Destatis) — сојузна агенција на Германија. Таа е дел од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија.
Службата е одговорно за собирање, обработување, објавување и анализирање статистички информации поврзани за економијата, општеството и животната средина. Целта е обезбедување објективни, независни и висококвалитетни статистички информации за целата јавност. Вработени се околу 2.780 лица распоредени низ канцелариите во Висбаден, Бон и Берлин.
Канцеларијата во Висбаден е главното седиште и ја има најголемата библиотека специјализирана за статистичка литература во Германија. Во нејзе е сместен и претседателот на службата, кој по традиција, но не врз основа на самата служба, претставува службеник за надгледување на изборите. На ова место, тој или таа е надгледувач на изборите за германскиот парламент („Бундестаг“) и Европскиот парламент.
Берлинската информациска точка е сервисен центар на сојузната служба во германскиот главен град и обезбедува информации и совети за германската влада, други сојузни власти, амбасади, индустријата и јавноста, здруженија и сите, кои се заинтересирани за официјалната статистика во Берлин и Бранденбург.
Поврзано
Надворешни врски