Солун Георгиев (Влахи, Пиринска Македонија, 1909 - 1948) - македонски борец за обединета и независна Македонија.[1]
Животопис
Георгиев е роден во 1909 година, во селото Влахи, Пиринска Македонија, каде што се родени и други македонски патриотски дејци, како Јане Сандански. Според сведоштвото на Крум Монев, Георгиев бил еден од најдоверливите и најпосветените јатаци на нелеганата чета на Герасим Тодоров.[1] Особено, според Монев, Георгиев е:
Македонец до фанатизам!
Георгиев бил мачен и испитуван во селското училиште на Влахи од страна бугарските власти. Тој е убиен во 1948 година, без судење или казна, на најсуров начин.[1]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 8.