Солиште — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Белештевица, Македонија. На 2 километри јужно од селото и веднаш покрај патот Раштани-Белештевица, на површина од околу 2,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, грамади од камен, а видливи се и контури на темели од ѕидови на повеќе објекти. Од овој локалитет потекнува и една стела со релјеф и старогрчки натпис. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано
Наводи