1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.
2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Соасон влегува во пишаната историја под неговото келтско име (подоцна позајмено и во латинското име), Новиодунум, што значи "нова тврдина". Во Стариот Рим тоа бил град на Суесионите, споменат од Јулиј Цезар (B. G. ii. 12). Цезар (B.C. 57), откако заминал од Аксона (денешна Ена), навлегол во територијата на Суесионите, и после еден долг ден марширање со војската стигнал во Новиодунум кој бил опкружен со високи ѕидини и широк канал. Градот му се покорил на Цезар.
Дел од франкиската територија на Неустрија, регионот на Соасон, и Опатијата на Св. Медар, изградена во 8 век, изиграле значајна улога во текот на владеењето на меровиншките кралеви (447-751). По смртта на Хлодовик I во 511, Соасон станал престолнина на едно од четирите кралства на неговата поделена држава. Со тек на времето, кралството Соасон исчезнало во 613 кога франкиските територии биле споени во едно под власта на Хлотар II.
Во 744 Синодот на Соасон се состанал на барање на Пипин III, и Свети Бонифациј, мисионер на Папата во паганска Германија, и ги осудил франкиските бискупи Адалберт и ирскиот мисионер Климент.
Во текот на Стогодишната војна, француските сили извршиле голем масакр на англискиот стрелачки вод кој се наоѓал во гарнизонот сместен во овој град, во кој загинале или биле силувани многумина француски жители на градот.[1] Масакрот на француските граѓани од страна на француските војници ја шокирал Европа; Хенри V од Англија, бидејќи градот Соасон бил посветен на светците Криспин и Криспијан, тврдел дека ќе ја одмазди честа на светците кога се судрил со француските сили во Битката кај Азенкур на денот на Св. Криспин во 1415.
Денес, Соасон е комерцијален и занаетчиски центар со Соасонската катедрала која датира од 12 век и урнатините на Опатијата Сен-Жан де Виње како две од неговите најзначајни историски знаменитости. Еспас Пјер Фол содржи исто така и музеи и ботаничка градина.
Катедралата
Катедралата Св.Гервез и Св.протеј од Соасон е изградена во стилот на готската архитектура. Зградата била започната некаде околу 1177.[2]
Познати личности и настани
Глумицата Аурор Клеман е родена во Соасон во 1945.
Светците Криспин и Криспинијан станале маченици околу 286 во Соасон бидејќи го проповедале христијанството на локалните Гали.