Процесот на добивање слад е едноставна операција која го следи природниот развој на житарицата, најчесто јачмен, но исто така пченица, ‘рж, овес, за истата да даде некои ензими и шеќери[1][2][3][4].
Производство
Сладот се произведува во сладари, а одговорното лице се вика сладар[5].
Прием на житарицата
Претставува квалитативно оценување на технолошките показатели – зафатнинска маса, апсолутна маса, рамномерност на големината на зрната, влажност, содржина на белковини и др.
Прочистување и сортирање
Прочистувањето се врши во машини кои ги отстрануваат лесните и тешките честички и магнетен сепаратор кој ги задржува металните примеси.
Потоа зрната се сортираат по големина со машини за сортирање заради тоа што различните големини на зрна бараат различно време за киснење. Потоа суровината се складира и во тој период таа може да доузрее што е важен дел во технолошкиот процес.
Киснење
Преобразувањето на зрната во слад се случува при нивното ‘ртење. За истото да се предизвика, зрната се киснат во вода. Нивната нормална содржина на вода е околу 11-12%, а за изртат потребно е да истата да достигне 42-44%.
’Ртење
’Ртењењето се изведува во уреди кои поддржуваат оптимална влажност, температура и содржина на јаглерод диоксид (CO2) во воздухот. Зрнестата маса периодично се размесува.
Во процесот на ‘ртење на зрната во нив се активираат ензими, кои го разградуваат скробот и високомолекулните белковини во растворливи соединенија. Во оваа фаза суровината се нарекува „зелен слад“.
Сушење
Високата содржина на вода во зелениот слад, го прави истиот нетраен, а тоа го отежнува неговиот транспорт и складирање. Затоа тој се суши во сушални со дување на топол воздух. Процесот трае околу 24 часа, и е специфичен за различни видови сладови. При светли сладови, температурата на крајот на сушењето достигнува 80 степени Целзиусови.
Одвојување на никулците
При ‘ртењето на зрната им растат никулци и се налага нивно отстранување. Истото се врши машински со посебни машини.
Складирање
Веднаш по сушењето сладот е трошлив и тоа може да ја наруши технологијата на производство на пијалакот. Затоа сладот се складира извесен периода за да достигне рамнотежна влажност. После тоа е спремен за производство.