Силвија Стојановска (родена во 20 мај 1960 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа е ќерка на познатиот глумец Ацо Јовановски и сопруга на Ненад Стојановски.
Животопис
Во 1982 година, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработила во Драмски театар - Скопје, каде работи сè до нејзиното пензионирање во 2024 година.
Позната е по своите улоги во: Комедијанти, Заминувањето од Пасквелија, Пред дождот, Трето доба и Како убив светец.
Награди
- Награда на Покраинскиот комитет на Сојузот на Созијалистичката младина на Војводина за најдобар млад глумец на Стерииното позорје во 1984 година, за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски
- Посебна награда за млад глумец на Театарските игри „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Наташа во претставата „Карамазови“ од Д. Јовановиќ.
Филмографија
Стојановска ги остварила филмските улоги:[1]
Наводи
Надворешни врски