Сив сокол

Сив сокол
Сив сокол (Falco peregrinus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штркови
Семејство: Соколовидни
Род: Сокол
Вид: F. peregrinus
Научен назив
Falco peregrinus
Тунстал, 1771
Falco peregrinus
Falco peregrinus madens

Сиви сокол (научFalco peregrinus) — птица од на соколите, најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 км/ч. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 км/ч. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темнокафени.

Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и средоземниот подвид, нешто помал - F.P.brookei.

Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!