Сибирската кафева мечка (Ursus arctos collaris) е подвид на кафеавата мечка кој најмногу се среќава во Сибир, но и северна Монголија и источен Казахстан.
Сибирските кафеви мечки се со големина која е помеѓу евроазиската и камчатската кафеава мечка. Овие мечки се поголеми од евроазиската кафеава мечка, со позбиени коски и поголем череп. Крзното им е побујно од било кој друг подвид на кафеава мечка. Крното е со темнокафена боја по потемни влакна на екстремитетите. Се случува одредени единки да имаат посветло крзно со нијанса на жолтеникаво.
Според големината, бојата и агресивноста доста се слични со северноамериканското гризли.
Наводи
Лов на мечки во Русија